*Сажида ал-Ришави
Jордан се соочува со притисок да ги исполни барањата на Исламската држава до „зајдисонце“, како успешно би се извршила размената на заложници.
Јорданските власти треба да ја ослободат Сажида ал-Ришави на границата со Турција, инаку јорданскиот пилот Моаж ал-Касасбе ќе биде убиен еднаш, порачаа џихадистите.
Засега сеуште се шпекулира дали во истата замена влегува и јапонскиот заложник Кенџи Гото, кој во последната порака на ИСИС, во која Гото побара Ирачанката ал-Ришави да биде ослободена, вели „во замена за мојот живот“.
Последните двоумења настанаа бидејќи се уште се утврдува автентичноста на снимките на ИСИС, за кои има поделени мислења.
Инаку како што досега беше познато, и јорданскиот пилот, и јапонскиот новинар треба да бидат ослободени откако ќе биде ослободена Сажида ал-Ришави, која е осудена на доживотен затвор во Јордан, како одговорна за убиството на 60 луѓе во терористички напад во 2005 година.



