Published: Sunday, August 27, 2017 09:58
Вториот по значење човек во Ватикан изјави дека видеото на терористичката група „Исламска држава” , во која му се закануваат на папата, е алармантна, но истакна дека обезбедувањето на Ватикан веќе е на високо ниво.
Државниот секретар кардиналот Пјетро Паролин изјави дека го гледал видеото, во кое папата е наведен како цел. Неодамна, во друга снимка во кодираната мрежа за пораки „Телеграм“ ја спомена Италија како следна цел на исламистички напад.
Човек, очигледно, не може да да не се загрижи, пред се од бесмислената омраза, рече Паролин, но прецизира дека Ватикан не е додал нови мерки кон веќе постоечките високи мерки на безбедност.
„Запаметете гоо ова, ќе бидеме во Рим , ќе бидеме во Рим, иншалах“, вели терорист кој се претставува под името Абу Џиндал на видеото.




