Самопрогласената Исламска држава објавила видео преку свој канал во кое се појавуваат деветмина од напаѓачите кои учествуваа во нападите во Париз на 13.ноември.
На видеото, пренесува BBC а кое го нема ни на британскиот сервис, биле прикажани како тие обезглавуваат затвореници и спроведуваат тренинг на Блискиот Исток., како и локации од Париз каде се случуваа нападите во кои загинаа 130 луѓе.
Монтираното видео завршува со фотографии од британски пратеници кои ги поддржуваат нападите врз ИСИС во Сирија.
По ова видео, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека тоа нема да ја стопира неговата земја да му се спротистави на тероризмот.
– Ништо нема да не одврати, ниедна закана нема да ја натера Франциај да се откаже од борбата, изјави Оланд.
Според него, иако нападите биле планирани во Сирија, биле организирани во Белгија.
Деветмина од напаѓачите беа убиени, а двајца се во бегство.




