Published: Monday, October 5, 2015 11:20
Припадниците на ИСИС ја разнеле Триумфалната капија во сиријскиот град Палмира, која е еден од најзначајните споменици, пренесува Ројтерс.
Веста ја потврдил сиријскиот министер за антиквитети, Мамун Абделкарим. Џихадистите претходно во Палмира го уништија 2.000 години стариот Бел Храм, како и едно од најзначајните светилишта.
Палмира под контрола на џихадистите е уште од мај годинава, а тие рушеа се во околината што сметаат дека е навреда за нивната кауза.
Градот Палмира, заедно со уште четири други гробишта надвор од градот се под закрила на УНЕСКО како културно наследство уште од 1980 година.
Исламската држава уништи неколку значајни споменици, и книги со древни ракописи, во Мосул и Нимруд во Ирак.




