Published: Wednesday, December 24, 2014 15:43
Џихадистите на Исламската држава соборија авион на Меѓународната коалиција над Сирија, и го заробиле пилотот, јави BBC.
Сириската опсерваторија за човекови права смета дека урнатиот авион ѝ припаѓал на некоја од арапските земји во коалицијата против ИСИС предводена од САД.
Судбината на пилотот не е позната, но членовите на ИСИС објавиле фотографии на кои, како што велат, се гледа пилотот од Јордан што го заробиле.




