Партијата на Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија, соопшти дека утрово се искршени стаклата на нивниот штаб во скопската населна Драчево. Бараат надлежните институции што побрзо да ги пронајдат и казнат насилниците.
„Им порачуваме на политичките криминални опоненти дека вандализмот нема да ја смени изборната слика во Драчево и Македонија во Македонија дојде животот и слободата на централно ниво и истото ќе се случи на локално ,без разлика на користењето на нечисти методи од страна на опозицијата. Ги повикуваме надлежните органи да го расчистат овој настан и сторителите да бидат најстрого казнети“, соопштина од партијата Обединети за Македонија.