Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот што се случи во саботата навечер во Лондон, во кој убиени се седум и повредени речиси 50 луѓе.
– Одред на борците од ИД го извршија нападот во Лондон во саботата, соопшти агенцијата на ИД, Амак, блиска до џихадистите.
Тројца напаѓачи, кои носеле на себе лажни експлозивни елеци, со бело комби прво намерно влетале меѓу луѓе кои чекале автобус на Лондонскиот мост, а потоа излегле од возилото и со ножеви почнале да ги напаѓаат луѓето. Тројцата мажи се убиени од страна на лондонската полиција.
Извор од британската медицинска служба наведе дека 36 лица се хоспитализирани, а 21 од нив се во критична состојба.
Вчера во источниот дел на Лондон е спроведена полициска акција во која се уапсени 12 луѓе во врска со нападот.




