Исламската држава објави видео снимка, на која бараат да им бидат исплатени 200 милиони долари во наредните 72 часа или во спротивно ќе убијат двајца Јапонци кои ги држат како заложници.
На снимката објавена на веб-сајт кој ги поддржува џихадистите се гледаат двајца заложници во портокалови костими, а екстремистите ги идентификуваат како Кенџи Гото Џого и Харун Јукав.
Лицето кое зборува нагласил дека Јапонците биле грабнати поради поддршката на воените акции на Западот против Исламската држава.
„Гордо дониравте 100 милиони долари за убивање на нашите жени и деца, за уништување на муслиманските домови“, рекол бунтовникот на видеозаписот.
Припадниците на Исламската држава претходно убиваа заложници од Западот, но овој пат се закануваат дека ќе убијат Јапонци.




