Published: Tuesday, January 27, 2015 13:01
Автомобил-бомба експлодирал пред луксузниот хотел „Коринтија“ во стариот дел на главниот град на Либија, Триполи, соопшти претставник на либиските безбедносни служби.
Одговорноста индиректно ја презема огранокот на Исламската држава во Либија, кој преку социјалната мрежа Твитер објави дека нивните џихадисти влегле во хотелот познат по тоа што најмногу во него престојуваат странски дипломати, пренесува агенцијата АФП.
Либија моментално се наоѓа во политичка криза бидејќи две влади и два парламенти се обидуваат да ја водат земјата, кои се поддржани од различни вооружени групи.




