Published: Wednesday, November 26, 2014 11:21
Џихадистите на Исламската држава каменувале до смрт двајца мажи во Сирија кои се обвинети дека се хомосексуалци, пренесуваат светските медиуми.
Првоубиениот имал околу 20 години а убиен е близу границата со Ирак. Тие му пронашле фотографии во телфонот кои наводно докажуваат дека имал сексуални односи со маж.
Вториот убиен е 18-годишно момче од Дер Езор кој пред да го каменуваат го обвиниле дека е хомосексуалец.
Според активитисти кои споделуваат содржина на социјалните мрежи, и двајцата биле противници на Исламската држава а сексуалната ориентација е измислена како причина да ги убијат.




