Published: Thursday, December 4, 2014 11:22
Самопрогласената Исламска држава има свои кампови за обука на источниот дел во Либија. Според американскиот генерал Дејвид Родригез, тие не се во потполност развиени кампови но САД ги набљудува.
„Ние мораме едноставно да продолжиме внимателно да набљудуваме што ќе се случува во иднина“, порача Родригез.
Ова се нови информации за Исламската држава која главно делува во Сирија и Ирак, каде што Меѓународната коалиција предводена од САД подолго време извршуваат воздушни напади над локациите на џихадистите.
Американскиот генерал за сега нема информации колку од камповите функционираат. Според него, тие кампови се уште не се на агендата на Меѓународната коалиција.




