Published: Thursday, December 10, 2015 09:56
Исламската држава започна да регрутира борци и во Кина. Доказ за ова е пропагандниот материјал на милитантната организација објавен на кинески јазик.
Ширејќи ја глобалната мрежа за врбување нови проиврзаници, џихадистите на Исламската држава, уште нарекувана Даеш, објавила музичко видео на мандарински јазик. Во песната од видеото, чиј автор на овој пропаганден материјал е пропагандниот огранок на ИД, Ал Хајат, наводно се повикуваат „муслиманските браќа да се разбудат“ и дека „никаква сила не може да ги запре“.
Не се знае точниот број на припадници на ИД во Кина, иако се верува дека се работи за група меѓу малцинскиот народ Ујгури.




