Published: Sunday, November 2, 2014 16:35
Екстремистите на Исламската држава убиле над 50 луѓе меѓу кои жени и деца во село во Ирак, соопштуваат претставници од земјата.
Агенцијата АП наведува дека се работи за најмасовото убиство на Исламската држава во ирачка провинција.
Според светските медиуми, припадниците на Исламската држава жртвите ги убивале јавно еден по еден, 40 мажи, шест жени и четири деца во селото Рас ел Ма.
Според последните информации, екстремистите во заробеништво држат уште 17 луѓе од селото.
Исламската држава освои големи делови во провинцијата Анбар, а се обидуваат да го прошират своето влијание во повеќе градови во Ирак и Сирија.




