Европската комисија е инфомирана дека Исланд ја повлекува својата кандидатура за членство во ЕУ, соопшти денеска министерот за надворешни работи на земјата Гунар Свеинсон.
Ова е резултат на ветувањата на новата Влада по изборите во 2013 година.
Исланд за членство во Унијата аплицираше во 2009 година, но на почетокот на оваа година, исландскиот премиер Сигмундур Гунлаугсон потенцираше дека земјата ќе ја повлече својата кандидатура.
Сепак Исланд е земја-членка на Европскиот економски простор што и дозволува движење на луѓе и стока со земјите-членки на ЕУ без препреки.
– Учеството во разговорите со ЕУ повеќе нема вистинско оправдување. Како поради промената во Унијата така и поради фактот дека таа не и одговара на политиката на актуелната влада која не е подготвена да ги прифати сите услови кои беа прифатени од претходната влада, изјави на почетокот на годината Гунлаугсон.




