Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исплатени 58, 9 милиони денари дополнителна поддршка за 1 925 регистрирани земјоделци

0
By Ана Василевска on August 14, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 14, 2023 12:53

Платежната агенција денеска ја реализираше исплатата на дополнителната државна помош од 20 отсто за носители на земјоделски стопанства кои се регистрирани вршители на земјоделска дејност согласно Законот за вршење земјоделска дејност или регистрирани како индивидуални земјоделци согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Дополнителната помош се доделува на земјоделски стопанства кои се корисници на директните плаќања и имаат пријавени соодветни површини и животни од минимум 5 до максимум 50 хектари пријавена површина со поледелски култури со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал, од минимум 1 до максимум 5 хектари пријавена површина со градинарски култури, од минимум 1 до максимум 5 хектари пријавена површина со овошни насади, од минимум 1 до максимум 10 хектари пријавена површина со лозови насади, од минимум 10 до максимум 50 грла говеда, од минимум 101 до максимум 500 грла овци, од минимум 50 до максимум 150 грла кози, од минимум 6 до максимум 50 грла маторици и од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

-Поддршката во земјоделскиот сектор ги препознава земјоделците чија основна економска дејност е земјоделското производство како посебна категорија. За таа цел во законот за земјоделство и рурален развој како и програмата за финансиска поддршка во земјоделството оваа категорија на земјоделци добива право на 20 отсто дополнителна финансиска поддршка. За таа цел со оваа исплата се поддржани 1925 земјоделци за кои се одвоени 58,9 милиони денари, вели директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.

земјоделци Поддршка за земјоделството
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.