Веќе се испорачани првите количини на масло за јадење од Србија и очекувам утре да се најдат на рафтивите во продавниците. Наше е да обезбедиме производи и сигурност кај граѓаните, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопантсво Љупчо Николовски на денешната прес-конференција.
„Државата е тука да ги договори политиките за зголемување на домашното производство. Не само масло за јадење од Србија, туку масло, рафинирано и нерафинирано, денес стигнува и од други земји. Денес имаме увоз од Русија, од Бугарија и од Украина. Очекуваме и тргање на забраната за нерафинирано масло, подвлече Николовски.
Како што вели тој, преку мерки се зајакнува капацитетот на храна во услови на криза.
„Сакаме да го поттикнеме и да го зголемиме домашното прозиводство и да ја намалуваме нашата зависност од увоз. Барам поддршка од медиумите да ги повикаме земјоделците да произведуваат. Ние продолжуваме со политиките и за дополнителни канали за увезување на храна. Апелирам да нема паника кај граѓаните и да нема купување на дополнителна храна од нивна страна“, завршува Николовски.