НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исповед на жртва на трговија со луѓе: Дури се свестив, морав да спасувам жива глава

0
By Sashko on July 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трговија со луѓе е многу чувствителна и сериозна тема, за ранлива категорија граѓани, и укажува на потребата од континуирано работење за препознавање и за давање помош и поддршка, но во јавноста малку пласирана и на која малку се посветува внимание.

Најважен е пристапот. Жртвата мора да почувствува дека е разбрана, дека не е само бројка, неопходно е да стекне доверба, да може да очекува помош, оти не е сама и оти ќе биде водена низ каналите до безбедност и заштита. Потребно е зајакнување на свеста за да бидеме подготвени да им помогнеме безрезервно на жртвите на трговија со луѓе (ЖТЛ) преку соодветните стручни капацитети од надлежните експерти во делот на стручната помош и поддршка и во обезбедувањето на сите права што им ги дава и Уставот и меѓународните документи како граѓани на оваа држава.

Трговијата со луѓе е општествен, повеќедимензионален, криминален и социјален проблем со кој се кршат основните човекови права и слободи на ЖТЛ. Македонија е една од првите земји во регионот која ги започна законските реформи за ефективна борба против трговијата со луѓе и има воспоставено одговорен, оперативен и координативен систем во согласност со релевантните меѓунаордни конвенции и протоколи.

Ана, која веќе е ресоцијализирана жртва на трговија со луѓе, во телефонски разговор, ја раскажа својата приказна. Како една од ЖТЛ, искрено, вели таа, не се излажав ниту за пари, ниту за шетање, бидејќи потекнувам од добро ситуирано семејство, само што ете, издивнува, запознав погрешни луѓе и навлегов во погрешни води. Нагласува дека не е таа единствена жртва на трговија со луѓе, има, истакна Ана, и ќе има жртви на трговија со луѓе. Затоа, испраќа, како што вели, порака од срце до сите, да ги слушаат своите родители, да се внимава, да не им се верува на сите луѓе, да се чуваат, оти не се знае никогаш од каде демне злото.

Ана оценува дека државата треба повеќе да се ангажира за оваа проблематика, социјалните работници да бидат на располагање, да бидат поблиску до граѓаните. Најважно е, според неа, во училиштата, на учениците во седмо, осмо одделение и на средношколците, тимови составени од професионалци да им објаснуваат со што може да се соочат и што може да им се случи.

– Се трудам на сите да им укажам дека не е сјајно и оти ЖТЛ се малолетни девојчиња со 13, 14, 15 и 16 години, девојчиња кои можат лесно да се излажат. Некои ги подмитуваат со пари, некои со шетања и тоа е тоа како секој може да се излаже, изјави Ана.

Проширување на мултисекторскииот пристап, програми, средства, буџет и можности, за да можат овие лица да бидат на еднаква основа со другите, да можат независно да живеат, да функционираат и да придонесат во општеството. Активно вклучување и соработка со локалните самоуправи во целиот процес во борбата против трговијата со луѓе, особено во текот на нивната ресоцијализицијата за да можат лицата да продолжат со нормален живот, креирање програми за ресоцијализација на локално ниво, вклучување ресурси со кои располага општината и формирање локални комисии за борба против трговијата сз луѓе.

Ова се дел од заедничките препораки за поефикасна и поуспешна борба против трговијата со луѓе, упатени од страна на заменик народниот правобранителот Васка Бајрамовска – Мустафа, од Магдалена Несторовска, државен секретар во МВР и координаторка на Национална комисија за борба против трговијата со луѓе, од Светлана Цветковска, координаторка на Националниот механизам за упатување жртви на трговија со луѓе при  Министерството за труд и социјална политика, од Маја Варошлија, раководителка на програма за помош и поддршка Отворена Порта – Ла Страда и од Соња Божиновска Петрушевска, раководител на канцеларијата на Mеѓународната организација за миграција (ИОМ).

Тие укажуваат и на тоа дека актуелна е проблематиката на трговија со деца за сексуална експолатација преку интернет сајтовите.

Дури се освестив, веќе навлегов во кругот и морав да спасувам жива глава

Ана ни раскажа дека доаѓа од град во внатрешноста на Македонија. Жртва станала сосема случајно преку нејзина другарка, не знаела што таа работи и тргнала во нејзино друштво.

– Бев мала, тинејџерка и нормално како тинејџер – сè што лета се јаде, но не било така. Дури се свестив веќе навлегов во тој круг и морав некако да спасувам жива глава. Сепак полицијата интервенираше, многу ми помогнаа „Отворена порта“ прифатилиштето и не можам да опишам колку сум благодарна и ден денеска сме во контакт, иако има минато многу години, изјави Ана, која повика отворено да се зборува за ова прашање со цел да им се даде поддршка и помош на ЖТЛ.

Ја прашав дали самата таа успеала да пријави во полиција или била идентификувана како ЖТЛ од страна на надлежните институции. Немав јас пристап до телефон, одговори таа и појасни дека сосема случајно полиција стопирала и ги однела во полициска станица, бидејќи биле малолетни.

– Нè запреа и нè зедоа во станица бидјеќи бевме малолетни, немавме лични карти, ништо немавме, а шетавме во 2 во 3 часот наутро. Нè приведоа во станица и тогаш таму констатираа дека се работи за жртви на трговија со луѓе. Од полицијата баш многу не сум задоволна, искрено. Како институција полицијата не си ја врши доволно својата работа, како што треба да си ја врши. Исто така и од социјалните служби не сум многу задоволна, бидјеќи само еднаш бев во социјално и толку. Не ме контактираа, ниту нешто друго. Најмногу ми помогнаа инспектор од Скопје и прифатилиштето „Отворена порта“. Тие ми помогнаа пак да се вратам во нормала, да почнам да живеам свој живот. Завршив средно образование, потоа се запишав и на факултет. Тие беа луѓето кои навистина ми помогнаа да застанам на свои нозе, рече Ана.

Таа потенцира дека не добила ништо од државата, единствено, како што рече, многу му е благодарна на извесен инспектор Славчо од Скопје, кој ја однел во прифатилиштето „Отворена Порта“, ѝ помогнал и ѝ го спасил нејзиниот живот. Од „Отворена Порта“, говореше со треперлив глас Ана, ми помогнаа, ми обезбедија доктор, покрив над главата, социјален работник да работи со мене, психолог и нивен адвокат.

Ја прашав дали имаше судска разрешница на нејзиниот случај, таа одговори потврдно дека случајот бил решен, требало да и биде исплатена отштета, но до ден денешен, вели, не е исплатена. Сепак, најважно е, истакнува таа, тоа што по судскиот случај, не добила никаква закана, бидејќи полицијата од Скопје, се погрижила и со документ забраниле да можат да ѝ се приближуваат. Нѝ посака секое добро и изрази надеж дека се поотворено ќе се говори за присутноста на оваа зло, кое, како што истакна, може да уништи многу човечки судбини и животи.

Национален механизам за упатување жртви на трговија со луѓе (НМУЖТЛ)

Во Министерството за  труд и социјална политика во 2005 година е воспоставен Националниот механизам за упатување жртви на трговија со луѓе (НМУЖТЛ), што е рамка за соработка меѓу институциите и здруженијата на граѓани кои работат на ова поле. Тоа значи идентификација на ЖТЛ, нивно упатување на соодветни сервиси и услуги за помош и поддршка, гарантирање на нивните права согласно меѓународните стандарди, помош и поддршка за ресоцијализација и реинтеграција, враќање во нашата држава или во друга држава каде се резиденти и прoдолжување со нивниот живот согласно нивните убедувања.

Светлана Цветковска, координатор на НМУЖТЛ во Министерството за труд и социјална политика, укажува на тоа дека важен елемент се социјалните работници од Центрите за социјална работа, па затоа во секој Социјален центар има по две обучени лица кои работат на оваа проблематика. Се соработува, вели таа, и со трудовите инспектори кои се надлежни покрај другото да вршат и проценка и идентификација на потенцијални ЖТЛ за трудова експлоатација.

Фото: mia.mk

Во таа насока, Цветковска се осврна на формираните мобилни тимови, чија цел е да се направи проактивна улогата во делот на идентификацијата и да работат со ранливите категории на граѓани. Цветковска појаснува дека мобилните тимови вршат теренска работа и многу добро ги познаваат условите во кои егзистираат ранливите категории и можат да препознаат одредени индикатори што упатуваат на ЖТЛ.

– Идентификацијата на ЖТЛ е долг и сложен процес. При првите сигнали тие лица се упатуваат за помош и поддршка во центрите за социјална работа. Се разговара со нив, се гледа кои се нивните итни потреби и се врши обезбедување на потребите во насока на нивна заштита. Им се нуди сместување во прифатилиште за жртви на трговија со луѓе. Генерално статистиките во однос на базата на податоци за ЖТЛ покажуваат дека околу 10 лица на годишно ниво се идентификувани како ЖТЛ. За 2021 година досега се идентификувани две ЖТЛ и двете се деца од женски пол, сместени се во Центарот за ЖТЛ и ја добиваат соодветната помош и психолошка поддршка, а се подготвува и системот каде понатаму ќе бидат ресоцијализирани, истакнува Цветковска која долги години работи на оваа проблематика.

Инаку, првиот Центар за ЖТЛ е отворен во 2011 година, а таму овие лица остануваат од три до шест месеци или до една година, зависно од нивните потреби, од тоа како се одвива судската постапка и каков е безбедносниот ризик по нивниот живот и здравје.

Ресоцијализицијата во местото на живеење или онаму каде што ќе одлучат тие да бидат вратени, информира Цветковска, се одвива  во Центарот за социјална работа, каде ги вклучуваат во системот на социјална заштита зависно од возраста, можностите, потребите и интересите на самите лица, а се вклучуваат и во активни мерки за вработување или пак во образовниот систем.

– Сакам да истакнам. Во текот на ресоцијализицијата понатаму ни е потребна помош и соработка со активно вклучување на локалната самоуправа затоа што лицата треба да продолжат со нормален живот. Локалната самоуправа е таа што треба да креира програми за ресоцијализација на локално ниво, да бидат вклучени сите ресурси со кои располага локалната самоуправа и да се стават во функција согласно потребите на жртвите, порачува Цветковска, координатор на НМУЖТЛ.

Таа информира дека Министерството за труд и социјална политика треба да подготви генерална програма за ресоцијализација и реинтеграција што понатаму локалната самоуправа и другите институции треба да ја симнат на локално ниво и да ја имплементираат. До донесувањето на оваа програма, нагласува Цветковска, имаме специфична програма за реинтеграција на ЖТЛ, и на деца на ЖТЛ и врз основа на таа програма социјалните работници подготвуваат план за реинтеграција, а го спроведуваат социјалните центри. Се подготвува план за секое лице посебно затоа што, појаснува Цветковска, на некои им треба домување, образование, бидејќи програмата е индивидуална  според можностите, потребите и интересите на лицата и е флексибилна, во текот на една година, колку што се спроведува. Генерално, посочува таа, има по еден социјален работник што е одговорен, кој го води случајот, но се вклучуваат и други стручни профили зависно од потребите.

– Често поради траумите што ги имаат доживеано ЖТЛ, се вклучуваат различни професионалци психолози, психијатри, физиотерапевти и други, за да се намалат последиците од трговијата со луѓе, рече Цветковска.

Во борбата и во справувањето со трговијата со луѓе, смета Цветковска, треба разивање голем систем на вклучени институции и секако меѓународните институции, НВО-а, кои играат добра улога во однос на заштитата и соработката со нив е на доста високо ниво од аспект на размена на информации, на поддршка. Соработката постојано се надградува и се дополнува и со Единицата за борба против трговијата со луѓе, со цел заштита на жртвите.

Сепак, се случува и жртвите на трговија со луѓе да одбијат и да не сакаат поддршка и помош.

– Особено тоа се случува кај возрасните жртви затоа што е големо чувството на самообвинување, на стигма, на срам, дека сами се виновни за тоа што им се случува. Кажав дека самиот процес на идентификација е долг, треба стекнување доверба со нив и работа. Имало случаи кога жртвите одбиваат соработка со институциите и се поотворени за соработка со здруженијата на граѓани. Но, имало и случаи кога не сакаат соработка со здрженијата, туку сакаат со институциите, бидејќи знаат дека кога ќе влезат во системот ги остваруваат и сите други права кои им следуваат согласно законската регулатива. Во однос на ова прашање и поддршката на меѓународните организации е многу значајна за градење на капацитет на професионалците, изјави Цветковска, потенцирајќи ја соработката со Меѓународната организација за миграции, со чија поддршка се воспоставени и пет мобилни тимови на терен и учествуваат во програмата за ресоцијализација на жртвите, но тука е, нагласува, и Советот на Европа.

Конвенцијата за акција против трговијата со луѓе стапи во сила за Северна Македониа во 2009 година. Таа е сеопфатен документ кој е фокусиран врз заштитата на правата на жртвите на трговијата со луѓе и бара кривично гонење на трговците со луѓе. Хоризонталниот инструмент на Европската Унија и Советот на Европа го поддржува усогласувањето на земјава со Конвенцијата преку градење на капацитети, поддржување на истражувањата и подигање на свесноста за ризиците од трговијата со луѓе.

жртва Исповед Македонија МТСП Трговија со луѓе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.