Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Испукаа дотрајаните цевки-не се хоспитализираат пациенти во Отешево

1
By Менче Атанасова Точи on January 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 25, 2017 18:04

Во Заводот за рехабилитација во Отешево не се примаат пациенти за болничко лекување поради дефект на водоводната мрежа, тврдат за НОВА граѓани од Ресен.  Поради екстремно ниските температури за време на новогодишните празници замрзнале и испукале цевките за вода од старата инсталација на објектот кој не е реновиран со децении.

Информацијата ја потврдија во заводот од каде што велат дека  лекарите и медицинскиот персонал прегледуваат пациенти во вонредни услови, а  двата оддели за болничко лекување и физикална терапија не функционираат.   Пациентите кои се со сериозни проблеми на белите дробови се препраќаат во Битола која е на 45 километри оддалеченост од заводот и во Охрид до каде што треба да патуваат 55 километри.

„„Заради дефектот кој е предизвикан од сибирските температури работиме во вонредни услови. Имавме дефект со цевките кои испукаа, а водата влезе во разводната табла на струјата. Тоа се случи во текот на работното време, така што се интервенираше веднаш и со големи напори дефектот е отстранет. Сега чекаме да се стабилизира ситуацијата и се надеваме дека за една недела ќе почнеме да хоспитализираме пациенти“, изјави за НОВА д-р Даринка Мицевска директорка на Заводот за рехабилитација во Отешево.

Во заводот нема вода, а вработените се топлат на греалки. Во такви услови, каде што медицинскиот персонал не може ниту рацете да ги измијат им се даваат здравствени услуги на пациентите.

Од друга страна, пациентите се револтирани бидејќи во сезона на грип, со температура и компликации се принудени да патуваат со километри за да бидат примени во болница. Некои од нив, особено пациенти со бронхопневмонија  кои с е јавија во редакцијата на НОВА, се жалат дека не биле примени ниту во болницата во Битола.

„Не примаат немаат капацитет во болницата во Битола. Со мали деца кои имаат температура но и возрасни од Ресен одиме во заводот за рехабилитација во Отешево од каде што не  препраќаат во болницата во Битола. Се малтретираме, патуваме по студот по 50 километри по стариот пат бидејќи другиот го прават. На крај и таму не хоспитализираат“, тврдат за НОВА граѓани од Ресен.

Директорот на болницата во Битола пак, вели дека не е информиран за такво нешто.

„Не ги враќаме. Немам информација дека досега некој е вратен“, кратко одговори Васко Најдовски директор на Клиничката болница во Битола.

Заводот за рехабилитација во Отешево е во очајна состојба. Зградите не се реновирани со децении, а две од нив воопшто не се во функција. Во зимскиот период и претходно парното не работело бидејќи установата не е во можност да ги плати режиските трошоци. Така вработените и пациентите се смрзнуваат на греалки.

Во установата велат дека чекаат да дојдат на ред за реновирање на објектите за да се подобрат условите за лекување на пациентите , но и за работа на медицинскиот персонал. Заводот за рехабилитација во Отешево ги опслужува пациентите со белодробни заболувања и  е единствен од ваков вид во државата.  Установата  е оставена на забот на времето иако во него медицинскиот персонал е специјализиран за давање на здравствени услуги од ваков тип.

 

дефект Завод Отешево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 19, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

ВЕСТИ July 19, 2026

Иран соопшти дека рамковниот договор со Соединетите Американски Држави повеќе не важи, објави иранската агенција…

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

July 18, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.