Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истанбул: Ноќ под отворено небо поради страв од нови потреси

0
By Нова ТВ on September 27, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 27, 2019 09:08

Стотици жители во регионите покрај брегот на Мраморно море – Силиври и Авџилар, по земјотресот од 5,8 степени што вчера го погоди Истанбул, ноќта ја поминаа надвор, во паркови и градини, поради страв од нов земјотрес.

Одделот за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека земјотресот е регистриран во Мраморното Море во 13,59 часот по локално време, на длабочина од седум километри и е почувствуван во западната област Мармара.

Турските медиуми јавија дека две лица починаа, а 43 се полесно повредени во земјотресот.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека осум лица се повредени и оти веднаш биле медицински згрижени. Тој дополни дека освен информации за помали разурнувања, нема извештаи за голема материјална штета.

Телевизиските снимки покажуваат урнато минаре во западен кварт на градот.

Според опсерваторијата „Кандили“, во текот на ноќта се регистрирани уште 37 земјотреси.

Турскиот научник Ахмет Ерџан посочи дека секундарните земјотреси ќе продолжат уште дваесет дена.

Владината служба за катастрофи и итна помош ги предупреди граѓаните да не влегуваат во згради кои се испукани и оштетени.

Рускиот научник д-р Алексеј Завалов, кој е и кодиректор на Лабораторијата за сеизмички ризик при Академијата на науки смета дека земјотресот од 5,8 степени во Истанбул не треба да се коментира како предвесник на посилни земјотреси.

– Бидејќи вчерашниот земјотрес во Истанбул не ја достигна критичната јачина од 7 степени фактот дека епицентарот е далеку од градот не може да се смета за силен земјотрес. Во 1996 година, Ташкент, главниот град на Узбекистан, го потресе земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер, но предизвика големи нарушувања. Јас не го делам мислењето на некои научници дека земјотресите кои се случија во Истанбул оваа недела се најава за поголем земјотрес, рече Завалов.

Според него, Истанбул се наоѓа во многу земјотресен регион кој претставува ризик за метрополата.

– Во Русија ги следиме сеизмичките движења по секој голем земјотрес, користиме најсовремени методи за да откриеме што следува. Но, за таа цел треба да се анализираат податоците од сите секундарни земјотреси, додаде тој.

Според научникот, дури и најнапредните сеизмички системи можат само 12 секунди однапред да сигнализираат за какви било земјотреси.

– Поради тоа, многу висок е степенот на неизвесност во прогнозите, така што на секои 50 години во Истанбул има голем земјотрес, рече рускиот научник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.