Трите члена на Револуционерната народна ослободителна марксистичка група “Фронт” (DHKP / C) се убиени вечерва во полициска акција, а Обвинителот е повреден, пренесува Хуријет.
Обвинителот утрово беше земен како заложник, а се смета дека причината за инцидентот е случајот со загинувањето на 15-годишниот Беркин Елван, кој го водел обвинителот Кираз.
Претходно, киднаперите на Твитер објавиле фотографија од обвинителот и маскиран напаѓач како држи пиштол вперен во неговата глава.
Според некои турски медиуми, киднаперите на властите им дале рок до 15:30 часот денеска да ги исполнат нивните барања, а тоа се полициски службеници во живо преку телевизиски пренос да го признаат убиството на Беркин Елван, потоа судење на виновниците пред „народен суд“, како и ослободителна пресуда за сите уапсени на маршот на солидарност за Елван.
15-годишниот Беркин Елван загина на 11 март 2014, по речиси година помината во кома откако го погоди солзавец испукан од полицијата за време на антивладините протести во 2013 година.




