Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истекува рокот за доставување на уставните амандмани до Собранието

0
By Нова ТВ on November 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 2, 2018 08:06

Истекува петнаесетдневниот рок на Владата за доставување на нацрт амандманите на Уставот до Собранието. На 19 октомври Собранието со двотретинско мнозинство донесе одлука за пристапување кон уставни измени, во согласност со Договорот од Преспа.

За одлуката гласаа и осуммина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои подоцна формираа независна пратеничка група и со кои премиерот Зоран Заев имаше консултации поврзани со уставните измени врз основа на нивните барања.

На вчерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и осумте пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ беше договорено Владата до доцна вечерта во текст да го преточи тоа што е усно договорено за уставните амандмани на средбата во Собранието на Република Македонија. Потоа текстот треба да им биде доставен на осумте пратенци на консултации и по објавувањето на договореното во јавноста од нивна страна во текот на утрешниот ден Владата на седница да ги утврди нацрт-амандманите за измена на Уставот согласно Договорот од Преспа. На средбата не е прецизирано дали четирите предложени амандмани од пратеничката група ќе бидат инкорпорирани во нацрт-амандманите што ќе ги достави Владата до Собранието, или ќе бидат поднесени како амандамни на амандманите.

– На првата консултација беа дадени насоките, денеска зборувавме за суштината и мислам дека ги заокруживме. Останува, сега веднаш после оваа изјава, наше повлекување во Владата да го скицираме целиот текст на нацрт-амандманите којшто преточен во текст ќе биде уште еднаш испратен на консултации и верувам до крајот на денот потврден од новата пратеничка група се со цел утре Владата на РМ на владина седница да ги утврди нацрт-амандманите, изјави премиерот Заев по средбата.

Кога се ќе биде утврдено, додаде, јас како претставник на Владата објавувајќи ги нацрт-амандманите ќе го посочам каде и што е вградено.

– Еден дел ќе си биде вграден во Уставниот законик, еден дел ќе си биде вграден во самиот проглас на уставните амандмани којшто е акт за прогласување на уставните амандмани, така што верувам дека имаме решение. Сега останува да го преточиме тоа во зборови оти досега дискутиравме само, скициравме со пенкало и слично, сега да го преточиме во еден текст, да го видат конечно тој текст и да дадат конечна потврда дека е тоа така. Јас верувам дека нивната верба која што ги водеше да се одважат, охрабрат и гласаат е со причина и денеска ја видов суштината на таа причина. Мене ми е многу драго што токму таа причина и нивно вградување во самите уставни амандмани разобличува уште една дилема која што постоеше цело време и во текот на кампањата за референдумот, пред кампањата, после потпишувањето на договорот, а тоа дека го потврдуваме македонскиот идентитет, рече Заев.

Сакам да најавам, потенцира, дека со предложените нацрт-амандмани секој пратеник во Собранието има можност да додаде амандман на самите амандмани како што се додаваат амандмани на закони. Не може нови амандмани, но може да се додадат амандмани на нацрт-амандманите од страна на Владата.

Министерката за правда Рената Дескоска вчера во Охрид изјави дека во нормативниот текст на уставните промени ќе биде ставена гаранција на идентитетот на македонскиот народ, односно трите основи што го детерминираат идентитетот, а тоа се културата, историското наследство и јазикот.

-Владата има рок до утре да ги достави на нацрт-амандманите до Собранието за уставните измени. Спроведни се консултации со осумте пратеници од опозицијатга кои ги поддржаа уставните измени, беше договорено внесување одредба што ќе го гарантира идентитетот на македонскиот народ. Наша сугестија за која постигнавме заеднички договор беше тоа да биде во рамки на нормативниот текст, каде во еден од членовите кои ќе се менуваат ќе биде ставена гаранција на идентитетот на македонскиот народ. Тоа ќе биде формулација што се однесува на културата, историското наследство и јазикот. Ние веќе имаме одредба која се однесува на јазикот, значи ќе биде ставена одредба што ќе гарантира заштита и развивање на културното наследство и историјата на македонскито народ, рече Дескоска.

За измените во делот на премабулата на Уставот, таа истакна дека преку разговори со Република Грција се работи на конкретизирање на актите од АСНОМ, поточно делот од Манифестот каде се повикува на национална борба во соседни држави, во тој аспект воведувањето на Прогласот до македонскиот народ за одлуките на АСНОМ.

-Премиерот предупреди дека нема потреба од отворање Пандорина кутија, оттаму што секогаш може да се оди повеќе со измени на Уставот. Сите сме свесни дека има многу прашања што во Уставот се недоволно регулирани. На пример гледате дека имаме проблем со ветото на претседателот, тоа не е прецизирано, ниту што со непотпишувањето на неговите акти. Имаме препорака од ГРЕКО која укажува дека во Уставот треба да измени за исклучување на министерот за правда од Судскиот совет. Значи правиме сериозни анализи за сите работи што сме ги мапирале како проблем, рече Дескоска.

Таа укажа на сериозноста на моментот, причината и поводот што на крајот и доведоа до иницирање на процесот за уставните измени.

Утврдувањето на нацрт амандманите на Уставот од страна на Собранието е втора фаза од постапката за измена на Уставот. Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас, додека третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.

Како е според Деловникот

Собранискиот Деловник предвидува од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена и во Комисијата и на пленарната седница, но може да биде завршено и побрзо од максималните рокови.

Собранието со најмалку 61 глас треба да ги утврди нацрт-амандманите, по што тие одат на јавна расправа, чие времетраење го утврдува Парламентот.

По оваа меѓуфаза, Владата треба да ги изготви предлог-амандманите и да ги достави до Собранието. Од моментот на доставување на предлог-амандманите во Собранието до одржувањето на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Предлог амандманите треба да бидат разгледани од Законодавно-правната и Комисијата за уставни прашања, а на крај и на пленарна седница.

Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа. За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.