Published: Friday, April 10, 2015 15:57
Наскоро во Панама ќе се случи историска средба помеѓу претседателот на САД Барак Обама и кубанскиот колега Раул Кастро, как последица на напорите меѓу двете земји да ги обноват дипломатските односи.
Обама веќе е пристигнат во Панама за да учествува на самитот на Америка. Тој во декември објави дека сака да започне преговори со Хавана за повторното отворање на амбасади и за отстранување на ограничувањата за трговија и патувања.
Според очекувањата, Обама би требало да објави дека ја укинува Куба од листата на САД со земји кои го спонзорираат тероризмот, што е значителен напредок во изградбата на дипломатските односи меѓу двете земји.




