Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага против три лица за злоупотреби при набавка на ендоскоп

0
By НОВА ТВ Balaban on April 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 1, 2022 15:13

Злоупотреба на службената положба и овластување, Фалсификување службена исправа, Несовесно работење во службата, се кривичните дела за кои има  основано сомнение дека ги сториле трите лица за кои ОЈО нареди истрага. Тие, иако немало реална потреба за набавка на ендоскоп и друга опрема, без дозвола од Советот за јавни набавки, со внесување невистинити податоци во службена исправа, сепак ја извршиле јавната набавка, со која му нанеле штета и на Буџетот на установата, а јапонскиот апарат го прикажале како српски. Третоосомничената, пак, во својство на службено лице  од Агенцијата за лекови, одобрила увоз на апарат чиј производител не е регистриран во земјата

По спроведена предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Врз основа на досегашните прибрани материјални и вербални докази постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 вв ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик. Второосомничениот го поттикнувал при извршувањето на наведеното кривично дело, а сторил и кривично дело – Фалсификување службена исправа од чл.361 ст.2 вв ст.1, додека третоосомничената сторила кривично дело – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 вв ст.1 од Кривичен законик.

Во текот на 2016 година првоосомничениот, како службено лице, во својство на директор на јавна здравствена установа во Скопје, злоупотребувајќи ја својата службена положба, при вршење на јавна набавка прибавил за друг значителна имотна корист при што нанел штета на буџетот на установата. Тој, поттикнат од второосомничениот – управител на правно лице за набавка, продажба и сервисирање на медицинска опрема од Скопје, ги прекршил одредбите од Законот за здравствената заштита и Законот за јавните набавки.

Изготвувајќи тендерска документација и технички спецификации спротивни на низата конкретни укажувања што биле предочени од Советот за јавни набавки во насока на заштита на конкуренцијата на пазарот, објавил оглас за јавна набавка на Ендоскопски систем со гастроскоп, електрохируршка единица и аргон плазма коагулација во еден неделив предмет, иако немало реална потреба за тоа и немал добиено согласност за користење на критериумите за утврдување на способност од страна на Советот за јавни набавки. На огласот според дефинираните технички спецификации била доставена само една прифатлива понуда и тоа од страна на економскиот оператор застапуван од страна на второсомничениот. Првоосомничениот знаел дека економскиот оператор не ги исполнува сите услови, па извршил измена на делот од тендерската документација и го избришал условот за учество во конкретната јавна набавка што не го поседувал пријавениот економски оператор. Со ваквите дејствија првоосомничениот овозможил понудата на економскиот оператор да биде избрана како најповолна понуда и склучил договор со второосомничениот за предметната јавна набавка со вкупна вредност од 6.115.468,00 денари. Со тоа, првоосомничениот прибавил значителна имотна корист во износ од 3.542.317,00 денари за правното лице, кој износ претставува позитивна разлика од продажната минус набавната вредност, со што нанел штета на Буџетот на установата во износ од 942.315,00 денари.

Второосомничениот како одговорно лице во правно лице, во текот на 2016 година, во службена исправа внел невистинити податоци, по што исправата ја употребил како да е вистинита и во име на правното лице, а со крајна намера да изврши продажба на медицинско средство – ендоскоп, доставил барање до Агенцијата за лекови и медицински средства за издавање на одобрение за увоз. Тој како управител потпишал и доставил изјава со која во име и за сметка на правното лице изјавил дека увозот на медицинското средство од производител од Р.Србија, купено за износ од 26.500,00 евра или 1.630.836,00 денари, се врши за краен корисник јавната здравствена установа, што не соодветствувало со наводите во понудата по огласот каде бил наведен производител од Јапонија.

Врз основа на барањето поднесено од второосомничениот, третоосомничената во својство на службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства без да ги изврши потребните проверки и да ја побара потребната документација спротивно на одредбите од Законот за лекови и медицински средства во ЕХИМ системот изготвила и одобрила одобрение за увоз на медицинско средство чиј производител не е регистриран. Со дејствијата на несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности третоосомничената овозможила правното лице да изврши увоз и промет на медицинско средство и да прибави значителна имотна корист.

​

Агенцијата за лекови директор на јавна здравствена установа ендоскоп истрага набавка против три лица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.