Калид Масуд е напаѓачот од Лондон кој со нож прободе еден полициски службеник во реонот на британскиот Парламент. Полицијата, при истрагата која се одвива у моментов, бараат од сите кои имаат било какви фотографии или видеа од Масуд да им достават, за тоа кај се движел, со кого разговарал, каде престојувал.
Во меѓувреме индетификувана е уште една жртва. Се работи за 75-годишната Лезли Роудс, која загинала на Вестминстер мостот кога Масуд со кола влета во собрани граѓани за потоа да продолжи кон Парламентот пеш со нож во рака.
Бројот на повредени досега изнесува 50 луѓе, од кои на 31 се уште им се укажува лекарска помош, од кои двајца се во критична состојба.
Убиениот напаѓач и е познат на полицијата, како и дел од неговите пријатели кои се опфатени со истрагата. Истата ќе се фокусира, како што вели полицијата, на “мотивите, подготовките и сојузниците“ на Масуд.
Бил и претходно приведуван од страна на полицијата за нанесување на повреди врз друго лице како и за поседување на оружје и нарушување на јавниот ред и мир.




