Published: Tuesday, September 13, 2016 11:59
Бомба поставена во опашката на рускиот патнички авион што се урна во Египет минатата година е причина за авионската несреќа.
Стручњаците на меѓународната техничка комисија која ги истражува околностите на катастрофата на авионот А321 на руската компанија Когалимавиа, во која загинаа 224 луѓе објавија дека бомбата била поставена меѓу плетен мебел и детски колички. Тоа било причина авионот неконтролирано да понира и на крајот да се урне.
Стручњаците овој заклучок го извеле врз основа на анализа на собраните делови од авионот кои се наоѓаат во хангар во Каиро.
Трагедијата на небото над Синај се случи на 31 октомври 2015 година, а авионот леташе од Шарл ел шеик за Санкт Петерсбург.




