Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО бара притвор за битолскиот градоначалник, истрагите продолжуваат

0
By Нова ТВ on June 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 9, 2016 13:42

Одлуките на претседателот Иванов за целосно поништување на аболицијата на 56 лица се примени во Специјалното обвинителство, соопштуваат оттаму денеска. Од СЈО велат дека истражните дејствија се преземаат во зависност од тоа во која фаза е предметот.

Тие засега бараат притвор за две лица,  од кои едно осомничено во предметите за незаконско уништување на опрема за прислушување наречен „Тврдина“, и против едно лице за предметот „Транспортер“, односно незаконското плаќање на превозници во Битола во десеткратно повисоки суми. За сите останати осоничени СЈО засега бара да бидат изречени мерки на претплазливост.

„Во врска со предметот во јавноста познат како „Титаник“ Ве известуваме дека истражната постапка продолжува против сите осомничени лица.

Во врска со предметот во јавноста познат како „Тортура“ Ве известуваме дека поднесени се предлози за определување мерка за претпазливост против 6 (шест) лицапоради постоење наосновано сомнение за сторено кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од чл. 142 ст 1 вв чл. 22 од Кривичниот законик.

Во врска со предметот во јавноста познат како „Тврдина“ Ве известуваме дека е поднесен предлог за определување мерка притвор против 1 (едно) лице како и предлог за определување намерки за претпазливост против 4 (четири) лица, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 и 361 од Кривичниот законик.

Во врска со предметот во јавноста познат како „Транспортер“ Ве известуваме дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 1 (едно) лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 ст 5 вв ст. 1, а вв. ст. 22 и 45 од Кривичниот законик, а поднесен е и предлог за определување на мерка притвор против истото лице. По однос на привремените мерки за обезбедување на имотноправно барање, Ве известуваме дека до Основен суд Скопје 1 Скопје е поднесен предлог кој беше вратен на доуредување, но ниту од Државното правобранителство ниту од Министерството за образование и наука се уште не се доставени предлози за остварување на имотно правно барање, иако тоа од наша страна беше побарано.

Во врска со предметот во јавноста познат како „ТНТ“ донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против 3 (три) лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од чл. 353 од Кривичниот законик, а поднесени се и предлози за определување мерка за претпазливост против истите 3 (три) лица.“ се вели во соопштението од СЈО.

СЈО до Апелациониот суд Скопје доставило и писмен предлог да се укине Решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје и кривичната постапка по предметот во јавноста познат како „Пуч“ да продолжи.

Во делот на видовите на мерки кои се предложени од страна на ова Јавно обвинителство, oд СЈО велат дека до Основниот суд Скопје се поднесени соодветни предлози за определување на мерки, кои за секој конкретен случај се различни.

 

Јанева СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.