Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување на ЕСЕ: Пандемијата го дуплира бројот на жени зависни од државна помош

0
By Biljana on May 25, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 25, 2021 11:56

Пандемијата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помош, а бројот на домаќинства кои гладуваат пораснал од три на седум отсто. Ова го покажува најновото истражување на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ. Губење на работното место, пад на месечните приходи, зависност од државна помош и отежнат пристап до здравствени услуги се само дел од низата последици со кои се соочија голем број жени во државата, во првите шест месеци од пандемијата со КОВИД-19. Просечната плата на жените во периодот јануари – август 2020 година била намалена за 338 денари, но кај осум отсто од жените падот надминувал и до 8.000 денари.

„Голем е бројот на домаќинства кои гладувале и покрај тоа што користеле гарантирана минимална помош од државата. Семејствата кои не користеле помош пред пандемијата, но потоа почнале да примаат државна поддршка, биле поизложени на гладување во август 2020 отколку во јануари истата година. Ова недвосмислено укажува дека износот на добиена помош од државата не бил доволен за да можат да ги задоволат своите основни потреби“, велат од Здружението ЕСЕ.

Уште еден загрижувачки аспект, според ЕСЕ е дека пандемијата го отежна пристапот до услуги во јавното здравство. Секоја трета жена која имала потреба од здравствена заштита, неповрзана со КОВИД-19, не добила соодветни услуги во јавните здравствени установи. Од нив, 63 отсто не можеле да стигнат до преглед кај специјалист, а 12 отсто биле оневозможени да направат хируршка интервенција. Како последица на тоа, на 20 отсто од овие жени им се влошила здравствената состојба.

„Отежнатиот пристап до здравствената заштита за време на пандемијата ги изложува на дополнителни финансиски трошоци кои може да водат до задолжувања и осиромашување на жените и нивните семејства“, велат од Здружението ЕСЕ.

Истражувањето има посебен осврт на жените од ромската заедница. Месечните приходи на жените Ромки во првите шест месеци од пандемијата во просек се намалиле за 1.637 денари што е за пет пати повеќе од националниот просек. Секоја трета Ромка користела државна помош, а за четири пати се зголемил бројот на оние кои не можеле да се прехранат.

Во однос на здравствената заштита, главен проблем со кој се соочиле Ромките, кои имале здравствен проблем неповрзан со КОВИД-19, била неможноста да добијат преглед од матичен лекар. Дури 73 отсто од нив се од Шуто Оризари поради недостигот на матични лекари во општината.

 

Ковид-19 Пандемија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.