Кризниот центар „Надеж“ во партнерство со граѓанската организација „Плиадис“ денеска ќе ги презентираат резултатите од истражувањето спроведено во рамки на проектот „Поддршка за иновативни практики при грижата за себеси, благосостојбата и издржливоста кај професионалците кои работат со жртви на родово базирано насилство“, поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој-УСАИД.
Целта на истражувањето беше да ги мапира и истражи постоечките практики и програми за поддршка на физичката и психолошката благосостојба на професионалците кои работат со жртви на родово базирано насилство во Република Северна Македонија.