Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Загадувањето на воздухот предизвикува повисоки стапки на неплодност

0
By Biljana on January 12, 2022 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 12, 2022 10:22

Долготрајната изложеност на загаден воздух во Западен Балкан може да ја намали плодноста на жените за повеќе од 10%; шансите за зачнување се намалуваат во деновите со високо загадување, а се зголемува можноста за спонтан абортус, констатира Европскиот фонд за Балканот, кој со партнерите во регионот ја спроведува кампањата „Oбединет Балкан за чист воздух“.

Овој месец, втората фаза од кампањата се фокусира на информирање на граѓаните за падот на плодноста и се повисоките стапки на стерилитет кај жените и мажите низ Западен Балкан, предизвикани од загадениот воздух. Земјите во регионот бележат постојан пад на населението.

„Научните истражувања потврдија дека зачестеноста на спонтани абортуси и мртвородени деца е значително поголема во период на изложеност на загаден воздух, според одредени студии. Студиите исто така покажуваат дека жените кои живеат во загадени области имаат помалку витални јајце клетки, пониски стапки на плодност и повисоки стапки на неуспех на имплантација на ембрион за време на ин-витро оплодување во споредба со оние кои не се изложени на загадување на воздухот. ПМ 2.5 ја намалува плодноста кај жените, а загадените градови низ регионот во просек испуштаат двојно повеќе од дозволените годишни вредности, што може да ја намали плодноста и до 10%“, севели во соопштението на Европскиот фонд за Балканот.

Според истражувањето, кај мажите пак, загадувањето од фините честички стигнува до тестисите, предизвикувајќи намалување на производството на сперма, помала подвижност на спермата и почести спонтани абортуси поради програмирана клеточна смрт. Сулфатните соединенија кои се формираат во процесот на согорување на јаглен го зголемуваат ризикот од спонтан абортус до 13%. Неплодноста е  предизвикана и од пластичното загадување. Полистирен, вид пластика која во својата микро и нано состојба може да се најде во храната, водата и воздухот, влијае на раниот развој на ембрионот и може да предизвика абнормален развој и предвремено породување.

„Загадувањето на воздухот со фини честички, тешки метали, микро и нано пластика и други супстанции доведува до зголемена стапка на спонтани абортуси дури и во случаи на ин-витро оплодување, бидејќи ги намалува стапките на успех во лабораториите каде што се спроведува овој процес“, велат од Европскиот фонд за Балканот.

аерозагадување инфертилитет неплодност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.