Жена во топлес истрча на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан со порака испишана на телото во знак на протест против силувањата за која се обвинуваат руските војници за време на инвазијата во Украина, пренесува „Би-Би-Си“.

Демонстрантката на црвениот тепих ја тргна облеката од себе и истакна порака „Престанете да нè силувате“, испишана на телото, во рамки на боите на украинското знаме.

Нејзината половина беше намачкана со црвена боја, симболизирајќи крв.

Украинските власти истражуваат случаи на силувања од руски војници во поедини делови на земјата.