Едно лице загина, а неколкумина се повредени во вооружениот напад во трамвај во Утрехт, соопшти холандската полиција.
Неколку часа по нападот, според локалната полиција, се слушнале истрели на неколку локации во градот. Истрели имало и во близина на џамијата во Утрехт.
Напаѓачот од трамвајот се уште не е уапсен.
Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.
Поради нападот во Утрехт затворени муслиманските храмови, но и универзитетите и училиштата во другите холандски градови.
Претходно, портпаролот на холандската полиција Јост Ланшаге изјави дека не се исклучува можноста дека се работи за терористички напад.
Германската полиција соопшти дека го засили надзорот на границата со Холандија по вооружениот напад во Утрехт.
Портпаролот на сојузната полиција во покраината Северна Рајна Вестфалија, Хајнрих Онштајн изјави дека се распоредени дополнителни полициски сили да ги надгледуваат не само главните автопатишта, туку и помалите премини и железничките траси.
Тој додаде дека сојузната полиција е во постојан контакт со властите во Холандија, како и дека имаат опис на напаѓачот.
Претходно, германските власти соопштија дека трагаат по црвено „Рено клио“, но подоцна автомобилот е пронајден напуштен во Утрехт.




