Врз американската Амбасада во Истанбул утрово околу пет часот по локално време, било пукано од возило во движење.
Погоден е објектот за обезбедување, но никој не е повреден. Непознатиот напаѓач или напаѓачи избегале.
Амбасадата е затворена оваа недела поради празнувањето на Курбан бајрам.
Нападот врз американската амбасада во Анкара е обид да се создаде хаос, рече портпаролот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Инцидентот се случува во време на затегнати турско-американски односи поради американскиот пастор Ендру Бренсон, што доведе до ескалација на трговскиот и дипломатскиот спор.
Двете држави воведоа дополнителни царини, а САД санкционираше двајца турски министри. Во меѓувреме, турската лира загуби над 35 отсто од вредноста спрема доларот од почетокот на годината.
Амбасадата во Анкара и Конзулатот во Истанбул и претходно беа цел на различни напади.




