Горниот дом на италијанскиот Парламент, Сенатот, доцна синоќа ја изгласа новата Влада на Италија предводена од премиерот Џузепе Конте.
„За“ гласаа 171 сенатор, 117 беа „против“, а 25 воздржани.
Членовите на Пет ѕвезди и Лигата, како и неколкумина од сенаторите што ја претставуваат италијанската дијаспора гласаа за владата, додека сенаторите на левоцентристичкиот блок на Демократската партија (ПД), како и на поранешниот коалициски партнер на Лигата, Форца Италија (ФИ) на Силвио Берлускони гласаа против Владата, а од гласање се воздржаа членовите на екстремно десничарската националистичка партија Браќа на Италија (ФДИ).
За доверба на Владата денеска треба да се изјасни и Долнитот дом ма италијанскито Парламент.
Синоќешното гласање беше прв испит за парламентарната поддршка на популистичката Влада, што во петокот ја формираа антисистемското Движење Пет ѕвезди и десничарската антимигрантска партија Лига.
Во обраќањњето до сенаторите пред гласањето, Конте рече дека меѓу приоритетите на неговата Влада ќе биде ставање крај на илегалната миграција во Италија и засилување на врските со Русија.
-Ние ќе бидеме застапници на отворање кон Русија, вклучувајќи и укинување на санкциите на ЕУ спрема Москва, кои го повредуваат “граѓанското општество”, рече Конте во обраќањето пред сенаторите.




