Во земјотресот со јачина од 6,2 кој рано утрово ја погоди централна Италија досега животот го изгубиле 37 лица, а 150 се водат за исчезнати.
Многу од загинатите за врме на земјотресот биле во селото Пескара дел Тронто, кое со земјотресот беше срамнето до земја и постои опасност од зголемување на бројто на жртви на оваа локација.
Земјотресот се случил во 3:36 часот, на 100 километри североисточно од Рим, на длабочина од 4 километри. Уште два потреса имаше час подоцна. Некои згради во главниот град се тресеа 20 секунди. Меѓу најоштетените е градот Аматриче, каде неколкумина загинаа, а во тек се спасувачки напори да се најдат преживеани.
Според геосеизмичката служба на САД, штетата може да е значителна, врз основа на претходните земјотреси. Службата вели дека земјотресот удрил близу градот Норча во Умбрија, чиј пикторескен центар е популарно туристичко место.
Но, градоначалникот на Норча вели дека таму нема жртви, туку дека има оштетувања на историското наследство и зградите.






