Published: Saturday, November 28, 2015 11:06
Италијанската Влада ќе ги затвора тајните џамии во земјата во рамките на војната против тероризмот, изјави министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано.
– Во Италија има 4 џамии и над 800 муслимански светилишта. Ќе ги затвориме тајните и нерегистрирани места, не за да спречуваме почитување на верата, туку за да може таа да биде практикувана на прописни места, вели тој.
Проценките се дека во Италија живеат еден милион муслимами, а земјата, посебно Рим, често се споменуваат како мета во пропагандата на Исламската држава.
САД ги предупредија властите дека постои голем ризик за земјата од терористички напад.




