Во последните 24 часа Италија ја погодиле над 120 земјотреси со јачина од два до пет степени според Рихтер.

Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, најголем број од потресите се случиле во централна Италија, а се претпоставува дека се работи за дополнителни поместувања на тлото по силниот земојотрес, кој во неделата се случи во овој дел од земјата.

Сеизмолозите објаснуваат дека Италија е опкружена со африканската, европската и јадранската тектонска плоча за кои се карактеристични чести земјотреси, кои понекогаш можат да бидат и разорни.