Published: Tuesday, March 1, 2022 15:46
Италија денеска соопшти дека ја преместува својата амбасада во Украина од главниот град Киев во западниот град Лвов, по слични одлуки на другите западни земји.
Поради влошување на безбедносната ситуација во Киев и континуираната неможност да се гарантира целосна функционалност, италијанската амбасада во Киев се префрла во Лвов, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Италијанскиот премиер Марио Драги го повтори советот на неговата влада дека Италијанците во Киев треба да го напуштат градот и да бидат „максимално претпазливи“.




