Италијанската полиција заплени повеќе од два тона кокаин, што е најголема заплена на дрога во последните 25 години.
Дрогата која била откриенa во 60 торби на бродски контејнер на пристаништето во Ѓенова, има вкупна вредност од 500 милиони евра и била пронајдени со помош на британската, колумбиската и шпанската полиција.
Кокаинот припаѓа на разни организации за трговија со дрога поврзани со вооружената група позната како “Заливски клан”, пишува „Гардијан“. Контејнерот натоварен со дрогата тргнал од Колумбија и пристигнал во Ѓенова минатата недела, а потоа бил испратен за Барселона во Шпанија.
За да ги фатат дилерите во Барселона, италијанските истражители го замениле товарот со дрога – 1.801 пакети чист кокаин – со сол и го пуштиле бродот да продолжи да патува кон Барселона. Во каталонскиот град, шпанската полиција го уапсила дилерот, 59-годишен Шпанец.
„Имавме четири часа да донесеме одлука “, изјави за Гардијан поручникот Маурицио Чинтура. “По четири часа контејнерот мораше да замине за Барселона, каде што го чекаа шверцерите. Затоа ангажиравме 40 војници, ги растоваривме двата тона кокаин и ги заменивме со 1.800 пакети сол. Потоа стававивме GPS приемници во товарот. Ова ни овозможи да уапсиме 59-годишен човек поврзан со шверцот на дрога во пристаништето во Барселона “.
Тој рече дека истрагата започнала на 22 јануари во Колумбија и дека запленетата дрога би се продавал низ цела Европа.
„Пристаништето во Џенова, заедно со она во Ливорно, станаа нова раскрсница на трговијата со дрога”, рече главниот обвинител на Џенова, Франческо Кози, на прес-конференцијата.
Обвинителите во Џенова рекоа дека сега се проверуваат врските меѓу картелите во Јужна Америка и трговците со дрога во Европа. На прашањето за улогата на италијанската мафија во рацијата во Џенова, иследниците одговориле: “Прерано е да се каже”, пишува Гардијан.
Се смета дека калабриската мафија, или т.н. “Ндрангета мафија”, го води најголемиот дел од трговијата со кокаин во Европа.
Една студија на истражувачкиот институт „Демоскопика“ објавена во 2013 година, тврдеше дека „Ндрангета“ „заработува“ повеќе пари од Дојче банк и Мекдоналдс заедно, со обрт од 53 милијарди евра.




