Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија останува без Влада поради евроскептикот Савона

2
By Нова ТВ on May 28, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 28, 2018 01:08

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се откажа од својот мандат за формирање влада откако претседателот на државата стави вето на изборот на министерот за економија.

Претседателот Серџо Матарела рече дека се согласил со сите предлози, но не можел да го прифати Паоло Савона, познат како евроскептик.

Потегот на Матарела ги налути популистичките партии кои се обидуваа да формираат коалиција. Луиџи Ди Мајо, лидерот на 5-ѕвезди, побара  импичмент за претседателот.

Италија е без влада од изборите на 4. март.

Двете популистички партии, 5-ѕвезди, кои освоија 32 отсто од гласовите, и екстремно десничарската партија Лига, која освои 18 отсто, се согласија претходно овој месец по неколкудневните разговори да формираат коалиција.

Конте, кој е политички почетник, беше предложен од двете партии за премиер, за да се надмине политички ќор-сокак што трае 11 недели.

Тој денеска се сретна со Матарела за да му ги даде предлозите за неговиот кабинет, но претседателот стави вето за Савона, повикувајќи се на неговото жестоко противење на Европската унија.

Според италијанскиот закон, претседателот има право да го одбие назначувањето на член на кабинетот.

Ди Мајо побара импичмент според членот 90 од Уставот, кој му дозволува на Парламентот да побара од претседателот да се повлече и тоа со просто мнозинство.

-Од вечерва, навистина е тешко да верувате во институциите и законите на државата, рече Ди Мајо.

Говорејќи по состанокот, Конте рече: “Како што веќе слушнате, го вратив мандатот за формирање влада што ми беше понудена од страна на претседателот Матарела”.

Матарела изјави дека “се согласил и ги прифатил сите предлози, освен оној за министер за економија”.

Тој рече дека пред да одлучи дали да свика нови избори, ќе разговара со Карло Котарели, поранешен директор на одделот за фискални прашања на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во понеделник.

Котарели (64) работеше во ММФ од 2008 до 2013 година, и доби прекар “Г-дин ножици” поради планот за намалување на јавните трошоци во Италија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.