Италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека денеска попладне ќе поднесе оставка, по поразот на вчерашниот референдум за уставните промени што тој ги предложи.
Според се уште неофицијалните резултати, меѓу 57 и 61 отсто од гласачите биле против одземањето на надлежностите на Горниот дом на Парламентот, додека за биле меѓу 39 и 43 отсто од граѓаните.
Ренци денеска ќе се сретне со ќленовите на својот кабинет по што, по две ипол години на власт, ќе ја предаде оставката на претседателот на Италија.
Ренци на конференција за новинарите во Рим рече дека ја презема целата одговорност за убедливиот пораз на референдумот.
Тој и се обрати на јавноста веднаш по објавувањето на прелиминарните неофицијални резултати од референдумот.
По гласањето на Британците за излез од ЕУ и го изборот на ДОналд Трамп за претседател на САД, референдумот во Италија, на кој право на глас имаа 51 милион Италијанци, се доживува како пресвртен.
Целта беше намалување на овластувањата на Сенатот и зголемување на моќта на премиерот. Доколку беше изгласана реформата, веќе немаше да има потреба обата дома на Парламентот да гласаат за некој закон за тој да биде усвоен.
Затоа многумина го сметаат и за своевиден плебисцит за владата на левоцентристичкиот премиер Матео Ренци.




