Италијанскиот парламент денеска го усвои буџетот за 2017 година со што е отворен патот за оставка на премиерот Матео Ренци, јави АФП.
Ренци во понеделникот вечер понуди оставка до италијанскиот претседател Серџо Матарела по поразот во неделата на референдумот за уставните промени што тој ги предложи.
Матарела тогаш го замоли Ренци да остане на премиерското место до донесување на буџетот за следната година, за да се спречи, на 1 јануари да стапат на сила вонредните финансиски прописи, соопшти кабинетот на италијанскиот претседател.
Во него се наведуваше дека веднаш штом Парламентот го усвои Буџетот, премиерот би можел да поднесе оставка.
Ренци најави оставка на премиерската функција доколку мнозинството Италијанци се изјаснат против уставните реформи за укинување на овластувањата на Горниот дом на Парламентот, што и се случи.
На прес конференцијата по референдумот, Ренци рече дека ја презема целосната одгвоорност за убедливиот пораз.




