Published: Saturday, August 22, 2015 15:00
Во водите близу брегот на Либија, италијанската крајбрежна стража денеска спаси околу 3.000 бегалци откако примила СОС повик.
Како што пренесуваат светските медиумски агенции, најмалку седум бродoви учестувале при акцијата и 14 гумени чамци на кои се наоѓале помеѓу 2.000 и 3.000 бегалци.
Според податоците на ОН, 250.000 луѓе годинава стигнале во Европа преку морските води од кои 124.000 во Грција а речиси 100.000 во Италија.




