Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов до ИВЗ: Тој што комуницира се интегрира

0
By Нова ТВ on May 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со усвојување Декларација вечерва во Скопје заврши Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, која годинава беше посветена на темата „Слободата и достоинството-основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“.

– Веруваме дека образованието може да игра значајна улога во промовирањето на меѓуверското разбирање и соработка за мирно решавање на меѓуверските конфликти и ќе го промовираме образованието во сите негови аспекти. Човековото достоинство на секој поединец е во основата на општество и на секоја религија и култура. Нашите културни и верски вредности се базираат врз принципите на достоинство, еднаквост и почит кон сите поединци. Овие вредности треба да се прошират во сите сфери на животот, стои во Декларацијата, јавува МИА.

Во обраќањето пред присутните претседателот на државата Ѓорге Иванов истакна дека во изминатите шест години Република Македонија организирајќи ги трите светски конференции покажа дека на заедничка маса може да ги донесе различните религии.

– Како што од мислата произлегува делото, така и од овој дијалог очекувам да произлезат конкретни дела за доброто на нашите деца. Но, соработката исто како и дијалгот нема да дојде сама од себе. Ни претстои уште многу работа, рече Иванов.

Тој подвлече дека Македонија има многувековна традиција на соживот и религиска толеранција и е една од ретките европски земји каде православните христијани и муслимани го слават Бога под ист покрив. Тоа, вели, се места каде религиите не само што се допираат туку и просторно и временски се преклопуваат, рече шефот на државата.

Имајќи го превид фактот за длабоката традиција на толеранција, посочи и оти не се чувствува пријатно што претставниците на ИВЗ првпат не учествуваат на оваа конференција и порача оти е потребно да се комуницира затоа што „тој што комуницира се интегрира“.

Причините на ИВЗ за бојкот на Светската конференција

На Третата светска верска конференција присуствуваа над 250 странски и домашни гости од сите континенти, верски претставници и професори-теолози. Со конференцијата беа одбележани три јубилеи: 1700 години од Миланскиот едикт – добивање слобода на христијанството; 70 години од холокаустот на Евреите и 10 години од Самитот на шефови на држави од Југоисточна Европа „Дијалог меѓу цивилизациите“ во рамките на УНЕСКО и Охридската порака за мир, инициран од покојниот претседател Борис Трајковски во 2003 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.