Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов ја води Македонија кон меѓународна изолација

0
By Нова ТВ on April 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 16, 2016 09:21

Форумот на слободоумни патриоти сака да ја искаже својата загриженост за  настанатата ситуација во државата и немилите сцени кои се случуваат, а предизвикани само со една одлука на лицето Ѓорѓе Иванов, со која тој ги ги аболицира сите протагонисти на кризата во Македонија и буквално ги ослободи од одговорност за сторените кривични дела, на тој начин ставајќи се и тој и оние кои беа аболицирани над Уставот и Законите во државата., се вели во соопштението.

– Сакаме да укажеме и на дел од последиците кои ќе произлезат од оваа одлука на Иванов, одлука со која само се продлабочи кризата, до степен до кој последиците се веќе катастрофални и работите излегуваат од контрола. За нас несватлива е реториката на Иванов, со која тој буквално ги наруши односите со голем број на држави со кој Република Македонија градела пријателски односи и од кои сме имале поддршка на меѓународен план. Со ваквата одлука лицето Иванов ја втурнува Македонија во предфаза на меѓународна изолација со катастрофални последици. Не ни сакаме да веруваме дека е можно да дојде до укинување на визниот режим, повлекување на помошта за бегалската криза, како и целосно стопирање на поддршката на Македонија за прием во ЕУ и НАТО, сметаат од Форумот.

Во соопштението тие наведуваат неколку предлози за излез од кризата:

– Лицето Ѓорѓе Иванов да престане да се однесува како мало дете, да престане да прави штета на угледот на Република Македонија и итно и безусловно да ја повлече одлуката, партиите да се вратат на спроведувањето на договорот од Пржино, како и кон имплементирањето на забелешките од Извештајот на ЕУ екпретската група предводена од Прибе и Венецијанската комисија, да се покрене иницијатива за укинување и трајно одземање на можноста да Претседателот на државата може да аболицира или помилува криминалци, сите инволвирани во криминал и корупција да подлежат на одговорност согласно позитивните законски прописи и за оние за кои ќе се докаже дека сториле кривично дела да се изрече мерка доживотна забрана со бавење со политика и да им се конфискува имотот, велат од Форумот.

Форумот на слободоумни патриоти го повикува и раководството на ВМРО ДПМНЕ да прекине, како што велат, да ги злоупотребува и да се крие зад четирите свети букви.

– Мора да понесете одговорност за сите злодела кои ги направивте, а ако сте навистина невини како што тврдите бараме веднаш да ја одбиете аболицијата и доколку лицето Иванов продолжи да се инаети и да се однесува како мало дете, да ја поддржите иницијативата за негов импичмент. Не може Македонија да ја ставате заложник на вашите лични интереси, политичко опстојување и легализирање на криминалот кој го направивте, одбијте ја аболицијата и докажете го спротивности, се вели во соопштението.

аболиција Иванов Форум на слободоумни патриоти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.