НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов со критика за СЈО и дипломатите, а Брисел му е крив за кризата

3
By Нова ТВ on December 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, во своето годишно обраќање зборуваше за политичката криза, причините и последиците кои државата може да ги има од неа.

Иванов рече дека политичарите оваа година создале амбиент на страв и на неизвесност за граѓаните. Според него, личната нетрпеливост меѓу политичките лидери и елити се прелеала на целото македонско општество.

„Новинарите, бизнисмените, уметниците, спортистите… станаа заложници на политичка криза во која секоја страна ги гледа грешките на противникот, но е слепа за сопствените грешки и пропусти. Наместо да се натпреваруваат со идеи и со програми, некои политички актери почнаа да се натпреваруваат најпрво со вербални обвинувања, потоа со навреди, па со кривични пријави, за на крај да завршат со недолично однесување“, рече Иванов.

Неодговорното однесување на Брисел и ЕУ се причини за политичката криза

„Неодговорното однесување на НАТО и на Европската Унија кон Македонија неминовно се одрази врз внатрешната политика на државата. Последиците од блокадата станаа причина за нови блокади на Република Македонија. Тука доаѓаме до втората, внатрешна причина за политичката криза. Многупати повторив дека решението на кризата се наоѓа во институциите на државата. Со заобиколувањето на институциите, влеговме во стапицата на Пржинскиот договор. Имавме распуштено Собрание, техничка влада за спроведување избори и прогласена кризна состојба. Безбедносните институции беа блокирани и парализирани со нарушен систем на команда произлезен од Пржинскиот договор. Постоеше висок ризик да не можат да одговорат на заканите со кои се соочуваме како држава“, истакна Иванов.

СЈО е селективно и политизирано

Специјалното јавно обвинителство е селективно и политизирано обвинителство кое наместо инструмент за правда, се сведе на инструмент за уцена на политичките противници. Потпишувајќи го законот за формирање на СЈО, јас не очекував селективност и политизираност во неговата работа. Сето ова што ни се случуваше неминовно водеше кон граѓански конфликт. Во такви услови, бев единствената институција со легитимитет и овластувања да носи одлуки. Наместо да бидам пасивен набљудувач на отворен судир, понудив решение за кризата. Понудив помирување преку помилување на сите кои на еден или друг начин се вклучени во политичката криза. Во состојба во која беше доведена во прашање иднината на државата, помилувањето беше единствениот мирен начин да се замрзнат непријателските намери меѓу спротивставените страни и да се избегне анархија“, смета претседателот.

Попис, двојазичност и државни интереси

Службената употреба на кој било јазик во Република Македонија зависи од статистиката, а единствен начин за добивање реална статистика е пописот. Последниот попис во Македонија беше пред цели 14 години. Тоа е предолг период за која било држава. Без нов попис на населението, не може да се бараат права што зависат од статистиката. Очекувам новата влада што поскоро да спроведе попис за да видиме колку сме, да видиме дали реалноста на теренот соодветствува со тврдењата на некои политичари. Сè уште слушам како одредени лидери на партии јавно лицитираат со унитарниот карактер на државата, со некаква си кантонизација и федерализација, со името на државата и со идентитетот на граѓаните. Тие лицитираат со државните интереси. Недозволиво е некои лидери на парламентарни партии на преговарачка маса да ги ставаат државните интереси на Република Македонија, спротивно на Уставот на Република Македонија.

Живееме во раскарана Македонија- СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се помират

Ние живееме во слаба и во раскарана Македонија. Раскарана по секоја можна основа. Секогаш кога сме биле поделени, други нè окупирале, раселувале, преименувале и однародувале. Затоа, го повикувам лидерството на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да смогнат сила за да си простат, да се помират и конечно да се сплотат околу националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Република Македонија. Ве повикувам да престанеме со реториката на патриоти и предавници. Да престанат и нападите кон дипломатските претставници. Да престанеме секогаш вината да ја бараме кај другите. Одредени политички лидери да престанат да се повикуваат и да ги злоупотребуваат имињата на амбасадорите во Република Македонија за да остваруваат свои цели.

годишно обраќање Горан Иванов државни интереси криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.