Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на 5.000 метри на денешната трка на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој ја истрча патеката со време од 13:54:58 минути и го освои 8 место во конкуренција на 12 натпреварувачи.

„Честитки Дарио, нов рекорд, нов доказ за извонредната форма, квалитетен тренинг, добар тренажен процес и веруваме дека Олимпискиот стипендист на МОК ќе биде уште подобар во периодот кој доаѓа и во кој ќе избори резултат за учество на Олимпијадата во Париз 2024 година“, стои во честитката од МОК.

На Игрите во Алжир, денес таеквондистот Дејан Георгиевски освои бронзен медал и го донесе третото одличје на македонската репрезентација.

Претходно, борачите Нуров и Егоров освоија, златен, односно бронзен медал.