На интернет страницата на Државната изборна комисија денеска пак ќе биде објавен Избирачкиот список и во наредните 15 дена граѓаните ќе можат да ги проверат податоците.
Списокот ќе биде распределен и во 34 подрачни единици на ДИК, каде исто така ќе може да се врши увидот.
Процесот на прочистувањето и ажурирањето на податоците од Избирачкиот список треба да заврши на 26 мај. На 14 мај списокот се предава и на политичките партии кои до 19 мај, ако имаат, треба да испратат забелешки. Ако има избори на 5 јуни, на 26 мај треба да се затвори Избирачкиот список.