Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Притвор за двајцата осомничени за шпионажа во Косово; Во Тирана откриена измамничка шема со стипендии за студии во САД

0
By Marija Todorovska on June 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 7, 2024 14:06

Основниот суд во Приштина во четвртокот им одреди едномесечен притвор на двајца мажи, кои беа уапсени ден претходно под сомнение за шпионажа со српската БИА, пренесуваат косовските медиуми.

Во Тирана е разбиена шема за измама со стипендии во САД. Се сомнева дека шемата ја поставил службеник за образование на локално ниво, дел од Генералната дирекција за предуниверзитетско образование во Министерството за образование, известуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РСЕ: Едномесечен притвор за двајцата осомничени за шпионажа

Основниот суд во Приштина во четвртокот им одреди едномесечен притвор на двајца мажи, кои беа уапсени ден претходно под сомнение за шпионажа, пренесува Радио Слободна Европа.

Во соопштението доцна во четвртокот судот соопшти дека судијата го прифатил барањето на обвинителот за определување притвор против обвинетите Б.Ш и М.Ќ, осомничени за шпионажа.

РТВ 21: Пратениците на Бундестагот го поддржија предлогот на германската влада за продолжување на мандатот на мисијата КФОР на Косово

Огромното мнозинство претставници во германскиот парламент, Бундестагот, се за продолжување на двете мисии на Бундесверот на Балканот. Покрај трипартиската владејачка коалиција (СПД, Зелените и Либералите), својата поддршка на предлогот на германската влада за продолжување на мандатот на мисијата КФОР во Косово во средата (5-ти јуни) дадоа и демохристијанските опозициски партии ЦДУ и ЦСУ. во читањето прво.

„Потребен ни е оперативно способен КФОР за да го намали тековниот потенцијал за конфликт и ескалација на северот на Косово и на границата со Србија“, рече претставникот на демохристијаните во Бундестагот, одговорен за одбранбена политика, Флоријан Хан (ЦСУ), пренесе РТВ 21.

Балкан Веб: Западните дипломати ја критикуваат владата на Косово за експропријација на земјиште во северниот дел на земјата

Амбасадите на Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство заедно со Канцеларијата на Европската Унија во Косово и Мисијата на Косово на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во четвртокот изразија жалење за одлуката на косовската влада да ги експроприра 100-те парцели во општините со српско мнозинство на север, пренесе Балкан Веб.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Со 73 гласа „за“, Собранието го изгласа составот на Специјалната комисија за антикорупција и дезинформација

Албанското собрание  го изгласа составот на Посебните комисии за „Антикорупциска“ со 73 гласа „за“, 7 против и 1 воздржан и Комисијата за „дезинформации“ со 73 гласа „за“ и 7 против и без воздржани.

Формирањето на комисиите  критичарите ги опишаа како партиска иницијатива, дизајнирана да се бори против негативниот публицитет за случаите на корупција во кои се вмешани поранешни политичари од владејачката партија, пренесува Топ Чанел.

Газета Експрес: Во Тирана откриена шемата за измама со стипендии за студии во САД

Во Тирана е разбиена шема за измама со стипендии во САД. Се сомнева дека шемата ја поставил службеник за образование на локално ниво, дел од Генералната дирекција за предуниверзитетско образование во Министерството за образование во соработка со друг граѓанин, пренесува Газета Експрес.

Станува збор за проект познат како „“Let’s Talk Together About US24“.

Шемата за измама најпрво ја осуди американската амбасада која преку соопштение за медиумите јасно стави до знаење дека проектот не е поврзан со Амбасадата,  и го вклучи алармот да ги информира граѓаните да внимаваат да не станат плен, „бидејќи оваа група не е поврзана „со Стејт департментот или американски образовни програми“.

КОЛУМНА

Коха: Косово самото одлучи да го отфрли нацртот на Заедницата пред да влезе во Советот на Европа

„Неверојатно е дека Владата на Косово навистина веруваше дека со писмо од МНР во последен момент може да ги премисли главните земји и да гласа за прием на Косово во Советот на Европа. Но, се чини дека по внимателни пресметки, Владата одлучи дека штетата од започнувањето на процедурата за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство ќе биде поголема од користа од членството во Советот на Европа.

Тоа беше пропуштена шанса која нема да се повтори наскоро. Но дали било грешка или не е прашање на толкувања и позиции. Одговорноста е на Владата, која исто така има мандат да одлучува како што смета најдобро.“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Косово самото одлучи да го отфрли нацртот на Заедницата пред да влезе во Советот на Европа“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Албански медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.