Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Синот на Белери ќе се кандидира за градоначалник на Химара; Групата на Радоичиќ и понатаму организирана

0
By Marija Todorovska on June 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 19, 2024 10:57

Синот на избраниот градоначалник на Химара кој е во затвор, Фреди Белери, ќе се кандидира за истата функција, известуваат албанските медиуми. Според медиумите, и  таткото ќе биде на гласачкото ливче, но со правна финта ќе се кандидира и неговиот син.

Косовскиот министер за одбрана, Ејуп Маќедонци, изјави дека терористичката група на Милан Радоичиќ што го изврши нападот во Бањска и понатаму останува организирана.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

Тема: Синот на Фреди Белери ќе се кандидира за градоначалник на Химара

За прв човек на општина Химара се очекува да се кандидира синот на Фреди Белери, Петро Белери.

Оваа вест ја соопшти секретарот на „Омониас“, Марин Сули, кој во интервју дадено за Топ њуз најави дека синот на избраниот градоначалник на Химара ќе се кандидира на следните избори за функцијата прв човек на оваа институција, пренесува албанскиот медиум Тема.

Сули рече дека Фреди Белери повторно ќе се најде на гласачкото ливче, но со правна финта ќе се кандидира неговиот син Петро.

Репортери: Бериша повторно останува во домашен притвор

СПАК бара Бериша да остане во домашен притвор, а адвокатите бараат промена на мерката. Поранешниот премиер Сали Бериша е обвинет за пасивна корупција во рамките на истрагата при приватизацијата на спортскиот комплекс „Партизани“, пренесува Репортери.

КОСОВО

Бота Сот: Денеска ќе се дискутира  за извештајот на Борел, дали ЕУ ќе ги отстрани мерките против Косово?

На денешниот состанок на Комитетот за политика и безбедност пред една година ќе се расправа за извештајот на високиот претставник, Жозеп Борел за мерките на ЕУ кон Косово, поради тензичната ситуација на северот на земјата.

Ова вчера го соопшти емисарот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак.

„Колку што знам, утре (денеска) ќе се расправа за овој извештај во Комисијата за политика и безбедност и зависи од исходот од дискусијата, пренесува Бота Сот.

Зери – МО на Косово: Терористичката група на Милан Радоичиќ и понатаму останува организирана

Косовскиот министер за одбрана, Ејуп Маќедонци, изјави дека терористичката група на Милан Радоичиќ што го изврши нападот во Бањска и понатаму останува организирана.

Според него, ова сè уште претставува опасност за нашата земја.

Маќедонци потврди дека и покрај тоа што во северниот дел на нашата земја се воспоставени мир, ред и право, безбедноста останува ранлива, а опасноста останува присутна.

„Сега имаме поголем опсег, владеење и право, пресекување на патиштата на шверц и финансиско прекршување на нашата земја. Сепак, оценувам дека опасноста останува присутна бидејќи членовите кои беа дел од групата на Радоичиќ која изврши терористички напад врз нашата земја остануваат на слобода. Овие членови, паравојски, се во Република Србија и ќе продолжат да бидат организирани“, пренесува Зери

КОЛУМНА

Коха: Србија знае дека не може да влезе во ЕУ без да го признае Косово

Изјавата на американскиот амбасадор во Белград Хил дека признавањето на Косово нема да биде услов за Србија е недипломатска, неточна и штетна. Прво, не е до американскиот амбасадор да зборува во име на ЕУ и покрај мислењето на САД во ЕУ.

Второ, тоа не е точно, бидејќи Косово е признато од големо мнозинство земји од ЕУ и тие не можат да прифатат нова членка, која има територијални претензии кон соседна држава. И трето, ваквите изјави ја охрабруваат Србија да продолжи да го отфрла спроведувањето на договорите за дијалог кои се занимаваат со елементи кои се сметаат за де факто признавање. И сето тоа само ја продолжува агонијата и го попречува успехот на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, пишува авторот Енвер Робели во колумната „ Србија знае дека не може да влезе во ЕУ без да го признае Косово“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа 

Албански медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.