Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Трепча бара враќање на недвижнините; Кушнер ја откажа посетата на Косово; Белери од затвор на телеконференција со Мицотакис

0
By Marija Todorovska on June 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 11, 2024 13:42

Раководството на „Трепча  АД“ упати јавно барање до сите правни и физички лица, граѓански организации и други субјекти кои, според нив, во моментов ги користат недвижните имоти на компанијата, во рок од 30 дена, до 10 јули, да се обратат до канцелариите за управување во Индустрискиот парк во Митровица, пренесуваат албанските медиуми.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска во својот кабинет се сретна со европратениците кои ќе ја претставуваат Нова демократија во Европскиот парламент, а Фреди Белери, кој се наоѓа во затворот во Фиер, учествуваше  преку телеконференција.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Дукаѓини: „Трепча“ бара враќање на имотите, дава рок од 30 дена

Како што се наведува во соопштението, раководството на „Трепча  АД“ упати јавно барање до сите правни и физички лица, граѓански организации и други субјекти кои, според нив, во моментов ги користат недвижните имоти на компанијата, во рок од 30 дена, до 10 јули, да се обратат до канцелариите за управување во Индустрискиот парк. во Митровица.

Овие имоти, како што се наведува во соопштението, ќе ги врати во употреба  Трепча, каде што дел од нив ќе се издаваат под закуп, а дел ќе се користат за развој на нови капацитети, пренесува косовскиот портал Дукаѓини.

Инфокус: Бернар  Кушнер ја откажа посетата на Косово за 25-годишнината од ослободувањето

Високиот претставник на ОН, Бернар Кушнер, а воедно и поранешен француски министер за надворешни работи, ја откажа посетата на Косово.

Во известувањето испратено од Амбасадата на Франција во Косово, се вели дека тоа се случило поради логистички проблеми поврзани со Кушнер.

„Ве информираме дека посетата на поранешниот француски министер за надворешни работи и висок претставник на ОН, Бернар Кушнер на Косово, за жал мораше да биде откажана поради логистички проблеми поврзани со патувањето на д-р Кушнер“, изјави Неџми од француската амбасада, пренесе Инфокус.

Панорама: Самит „Западен Балкан 2024“ – Курти: Нашиот проблем е со Белград, а не со косовските Срби

Говорејќи на самитот „Западен Балкан 2024“, во вторникот во Приштина, косовскиот премиер Албин Курти рече дека интеграцијата на косовските Срби во институциите на земјата е основно прашање за него.

„Проблемот што го имаме нема врска со Србите. Имаме проблем со Белград, кој не се огради ниту од Милошевиќ од минатото, ниту од Путин од сегашноста“, рече Курти, мислејќи на поранешниот југословенски претседател и актуелниот руски претседател, пренесува Панорама.

АЛБАНИЈА

НОА: Мицотакис ги собра победничките европратеници во канцеларија, Фреди Белери се приклучи „онлајн“ од затворот во Фиер

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска во својот кабинет се сретна со европратениците кои ќе ја претставуваат Нова демократија во Европскиот парламент. Петмина од нив беа присутни, додека други двајца, меѓу кои и Фреди Белери, кој се наоѓа во затворот во Фиер, учествуваа преку телеконференција.

На средбата учествуваа и државниот министер Акис Скертос, заменик министерката за надворешни работи Александра Пападопулу и секретарот за меѓународни односи и Европска унија Тасос Хаџивасилиу, пренесе НОА.

КОЛУМНА

Коха: 21 година, едно ветување – во кое во 2024 година речиси никој на Балканот не верува

„На 21 јуни 2003 година (!) Европската Унија им вети членство на балканските земји. Со исклучок на приемот на Хрватска, оттогаш навистина ништо не се случило во однос на евроинтеграциите. Ветувањето од пред две децении се претвори во празни зборови. Време е отворено да се каже дека во ЕУ нема подготвеност за интеграција на балканските земји.

Останува само ветувањето на Порто Карас за интеграција и членство на балканските земји во Европската Унија. Хотелот Порто Карас, дизајниран од познатиот германски архитект Валтер Гропиус, сè уште ги пречекува туристите, но веќе ги смени рацете: во 2020 година го купи руско-грчкиот претприемач Иван Игнатјевиќ Савиди.

Помоќен симбол на празнината на ветувањето на ЕУ за балканските земји тешко може да се најде: хотелот во кој беше дадено ветувањето сега е во рацете на руски инвеститор.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „21 година, едно ветување – во кое во 2024 година речиси никој на Балканот не верува“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Албански медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.